Столтенберг: Севернокорејското прашање е глобална закана, која бара глобален одговор

Макфакс

10/09/2017

13:04

1.122

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека севернокорејското безобзирно однесување е глобална закана и бара глобален одговор. Тој во интервју за БибиСи одби да каже дали американската територија на островот Гуам, кој што е загрозен од Северна Кореја, е покриена со членот пет на НАТО, кој гласи дека напад на една од членките на Алијансата е напад на сите, пренесе Ројтерс.

„Сега сме целосно фокусирани на тоа како можеме да допринесеме за мирно решавање на кризата“ рече Столтенберг.

Во меѓувреме, Ким Јонг Ун нареди продолжување на истражувањата со цел зголемување на нуклеарниот потенцијал на земјата.

„Мораме понатаму да го унапредуваме научниот развој, за да го зголемиме нуклеарниот потенцијал потребен за самоодбрана“ рекол Ким на приемот организиран за научници кои работеле на хидрогенската бомба, пренесе ТАСС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг