Главниот град на Северна Кореја од воздух: Ретка снимка од Пјонгјанг открива дека недостасува една важна работа

Точка

09/09/2017

14:38

5.094

Големина на фонт

а а а

Ретки воздушни снимки од престолнината на Северн Кореја, Пјонгјанг, откриваат дека е полн со облакодери, но без луѓе, пишува "Daily Mail".

Снимката ја направил Сингапурецот Арам Пан, додека во својот "пајпер" "Matrics PA-46" кружел над Пјонгјанг, во рамките на проектот за прикажување на Северна Кореја низ слики и филмови. Пан за снимањето добил дозвола од севернокорејската влада, истакнува Daily Mail

На снимките се гледаат шарени згради и облакодери, како и модерни автопати, надвозници и мостови. На еден дел се гледа брдо со мали куќи во подножјето, на работ на градот. 


Тоа што влегува во очи е дека патиштата се во главно празни - на нив нема ни луѓе ни автомобили. 


Се верува дека најголемиот град на Северна Кореја има 2,58 милиони жители. Земјата е издвоена од остатокот на светот речиси 70 години, откако корејскиот полуостров бил поделена на две земји. 


Пан го снима животот во Северна Кореја веќе неколку години, и е еден од ретките странци на кои тоа им е дозволено. Оваа азиска земја им дозволува посети на туристите, но нивните патувања се строго ограничени. 


Северна Кореја вовела забрана за патување на почетокот на почетокот на септември, по смртта на 22-годишниот студент Ото Вормбиер во јуни, кој би пратен дома во кома по неколку години минати во затвор во Северна Кореја. Тој бил обвинет за обид за кражба на постер од хотел во Пјонгјанг и осуден на 15 години тешка работа.