Силна бура во САД: има загинати и повредени

Макфакс

11/03/2026

21:28

244

Големина на фонт

а а а

Силната бура што ја погоди американската држава Индијана одзеде два живота, а неколку лица беа повредени, соопшти денес локалната противпожарна служба во Лејк Тауншип.

Силната бура што ја погоди американската држава Индијана одзеде два живота, а неколку лица беа повредени, соопшти денес локалната противпожарна служба во Лејк Тауншип.

Подрачјето од државата Тексас до Пенсилванија, со околу 65 милиони жители, е на патот на моќен бурен бран, објави ABC News, наведувајќи дека се предвидуваат силни торнада, разорни ветрови и град со големина на тениски топчиња.

Пријавени се најмалку 10 торнада од Тексас до Индијана, а Националната метеоролошка служба издаде најмалку 45 предупредувања за торнада во седум држави.

Силни ветрови од 100 до 130 километри на час се регистрирани во областа од Тексас до Индијана, пренесува Танјуг. Временски предупредувања од ниво 2 до 5 се на сила денес за повеќе од 65 милиони Американци од Хјустон до Филаделфија, вклучувајќи и други градови како што се Питсбург, Вашингтон, Балтимор, Луисвил, Нешвил, Мемфис, Бирмингем, Шривпорт и Њу Орлеанс.