САД бараат многу остри санкции за нуклеарните амбиции на Пјонгјанг, вклучувајќи и нафтено ембарго, стои во Нацрт резолуцијата поделена во вчера меѓу членовите на Советот за безбедност.
Вашингтон сака да го спречи и северо-источниот извоз на текстил. Предложено е и замрзнување на средствата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун како и стопирање на финансирањето на севернокорејските работници во светот, за кои ОН верува дека ги има повеќе од 50.000.
Велика Британија и Франција, поддржани од САД, сакаат да гласаат за санкции во понеделник. Се уште е неизвесно што ќе биде ставот на Кина и Русија, кои гласаа за последните санкции, но може да го блокираат новиот текст со вето.
Москва смета дека новите санкции се непотребни и неефикасни но и понатаму заедно со Пекинг се залага за двоен мораториум на севернокорејските балистички и нуклеарни ракети како и на заеднички американско-јужнокорејски вежби, со што Вашингтон не се согласува.