Денис Родман има решение за Северна Кореја: Ако Трамп и Ким седнат на иста маса...

Точка

07/09/2017

11:30

6.574

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски кошаркар, Денис Родман кој што во неколку наврати досега ја посети Северна Кореја, верува дека постои „голема можност“ тензиите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг да бидат намалени, само ако лично се сретнат Доналд Трамп и Ким Јонг Ун.

„Ако Доналд Трамп и Ким Јонг Ун седнат на иста маса и имаат било каков разговор... можеби тоа би отворило некоја врата“, изјави Денис Родман за време на неговото гостување во шоу програмата „Добро утро Британијо“.

Родман откри дека за време на неговите посети на Северна Кореја, заедно со севернокорејскиот лидер скијале и пееле караоке, но ретко со него разговарал на политички теми.


„Се смееме, пееме караоке, правиме многу супер работи заедно. Јававме коњи, се забавувавме цело време, одевме на скијање и едвај да разговаравме за политика и тоа е добра работа“, изјави Родман.

Исто така, тој откри дека „никогаш не видел некој да поседува толку голема моќ“ како севернокорејскиот лидер. Родман сепак додаде дека не се обидува да ги оправда акциите на Ким, велејќи за себе дека тој бил само „амбасадор на спортот“.


Според зборовите на славниот американски кошаркар, односите помеѓу Соединетите Американски Држави и Русија се промениле, но вели дека „од некоја причина САД имале голем проблем со Северна Кореја“. Родман додава дека тој лично не го сака многу Ким, но се обидува само да разјасни некои работи за сите подобро да ја сфатат целата ситуација.

Родман исто така му даде голема поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп: „Го сакам Доналд Трамп. Му благодарам на Доналд Трамп што ми даде прилика да бидам во неговото шоу, прилика да бидам негов пријател и можноста да бидам Американец“, изјави Денис Родман.