Речиси 50 отсто од граѓаните Македонци сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди подобри кандидати на претстојните локални избори, покажуваат најновите резултати од анкетата на институтот „Павел Шатев“. Според анкетата, 25,1 отсто веруваат дека СДСМ ќе предложи подобри кандидати, а 25,7 проценти рекле „не знам“.
Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – која партија мислите дека ќе предложи подобри кандидати за претстојните локални избори?
(без испитаници Албанци)
Процент
СДСМ 25,1
ВМРО-ДПМНЕ 49,2
Не знам 25,7
Вкупно 100,0
Најголем приоритет за државата во моментот, според 67,5 проценти од анкетираните, се економијата и вработувањето, а за 9,3 отсто се евро-атлантските интеграции.
Кој би требало да е најголем приоритет за државата во моментот според вас:
Процент
Економија и вработување 67,5
Безбедност 7,3
Демократски развој 5,5
Евро-атлантски интеграции 9,3
Решавање на спорот за името 2,2
Друго 0,9
Не знам 7,3
Вкупно 100,0
Анкетата е спроведена во периодот помеѓу 29 август и 1 септември 2017 година на 1.250 испитаници. Во рамките на истражувањето, кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението, вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбаните места на живеење, при што Скопје е земено како посебна целина.