ВМРО-ДПМНЕ бара зголемување на платите во образованието за 5 отсто

Макфакс

05/09/2017

00:27

416

Големина на фонт

а а а

„Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше силен фокус кон образованието и кон развој на воспитно-образовниот процес. Од страна на оваа влада на СДС, во Собранието најмалку се дискутира за образованието и неговиот развој“ истакна пратеникот Драган Данев на денешната трибина „Отворено со Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ“.

Тој нагласи дека како опозиција до сега имаат 13 законски решенија, поденесени до Собранието, а два од нив се однесуваат конкретно за образованието. Едниот, како што рече Данев, е законот за ваучери со кој се предвидува дополнителна парична помош за оние семејства кои не можат да си овозможат да купат компјутерска опрема.

И другиот закон кој тангира голем број на луѓе вклучени во образовниот систем, а тоа е законот со кој се предвидува од 1. јануари 2018 година, 5% да се зголеми платата на администрацијата и тука посебен акцент, бидејќи дебатава е посветена на образованието, ставам на нивните плати, рече Данев.

Сега СДС, додава Данев, може на дело да покаже дека не била празна нивната реторика и ветувањата во однос на образованието пред изборите.

„Еве им шанса на дело да покажат дека тоа што го збореа ќе го исполнат, прифаќајки ги законските решенија кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е зголемување на платите на наставниците, целиот технички кадар и сите кои работат во високообразовните институции во Македонија“ изјави Данев.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години, квалитетно ги зголеми платите на наставниците и тоа во услови на тешка политичка и економиска криза, и водеше огромна грижа за наставниот кадар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг