Се породи силуваното девојче од Индија

Макфакс

17/08/2017

12:38

639

Големина на фонт

а а а

Десетгодишното девојче од Индија, кое беше силувано од својот чичко, се породи денеска во државната болница во градот Кандигар, пренесе Би-би-си. Претходно, нејзиното барање за абортус беше одбиено од страна на Врховниот суд на Индија.

Породувањето се случило денеска во 9:22 часот по локално време, а бебето (женско) е тешко 2.5 килограми, додава Би-би-си. Двете, и мајката и бебето, се во добра здравствена состојба, соопшти претставник од болницата за Би-би-си.

Девојчето било силувано неколкупати во последните седум месеци од страна на нејзиниот чичко, кој е уапсен.