Приведено лице кое објавувало прислушувани материјали на Јутјуб

Макфакс

15/08/2017

23:37

2.322

Големина на фонт

а а а

По наредба на Специјалното јавно обвинителство, вечерва во полициска станица е приведено лице со иницијали Љ.П. за предистражна постапка која се однесува на објавување на прислушувани разговори на социјалните мрежи.

Од МВР за Макфакс потврдија дека лицето е задржано во полициска станица по барање на СЈО, но бидејќи станува збор за предистражна постапка, не објавуваат подетални информации за случајот.

Инаку, под псведонимот „Никола Тесла“, на мрежата Јутјуб, беа објавувани приватни аудио-телефонски разговори за познати личности од политичари и тв бизнисот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг