Над сто милиони денари ќе чини реконструкцијата на делницата Ропалце-Матејче-Липково

Макфакс

15/08/2017

14:03

551

Големина на фонт

а а а

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека ја прифати понудата од 3 јули на изведувачот ДГ „Бетон“ АД Скопје за реконструкција на делницата Ропалце-Матејче-Липково.

Временскиот период кој го опфаќа договорот е 40 месеци од денот на неговото потпишување, вклучувајќи и можни скратувања или продолжувања во согласност со посебните и општите услови на договорот.

Договорената цена со вклучено ДДВ изнесува 106.490.436 денари.