Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Пројде живот, се крати од Македонија

Нетпрес

01/08/2017

14:14

632

Големина на фонт

а а а

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната седница на Собранието на Република Македонија на која се расправа за ребалансот на буџетот, со транспаренти го истакнаа своето незадоволство од ребаланост на буџетот и од кратењата и необезбедување на средства за многу значајни проекти во интерес на граѓаните.

Дополнително пратениците потенцираа дека единствено зголемување на средства има за партиски вработувања кои што СДСМ ги реализира во сите државни институции откако дојде на власт.

Пратениците преку транспаренти ги истакнаа кратења од буџетот во значајни ставки како што се, изградба на основни училишта, инвестиции во животната средина, изградба на канализациони и водоводни мрежи во општините, модернизација на АРМ, помалку пари во образованието, помалку пари за реконструкција на студентски домови и други кратења.

20.850.000 денари помалку за Секретарија за спроведување на рамковниот договор

676.000.000 денари помалку за опремување и модернизација во АРМ

60.000.000 денари помалку за реформи во полиција

34.950.000 денари помалку за развој на туризмот

22.766.000 денари помалку за промоција и поддршка на туризмот

45.000.000 денари помалку за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ)

36.360.000 денари помалку за инвестиции во животната средина

49.000.000 денари помалку за канализациони мрежи и одводни канали

10.100.000 денари помалку за заштита на води

6.375.000 денари помалку за водовод и канализација за општините

40.000.000 денари помалку за изградба на плажи

2.483.000 денари помалку за прогноза, предупредување, информатика и техника во Управа за хидрометеоролошки работи

100.000.000 денари помалку за финансиска поддршка на рурален развој

12.396.000 денари помалку за градежни објекти од ставката изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита

13.216.000 денари помалку за центри за социјална работа и завод за социјални дејности

3.126.000 денари помалку за установи за институционална социјална заштита

28.352.000 денари помалку за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица

44.533.000 денари помалку за Универзитет Свети Кирил и Методиј

10.040.000 денари помалку за Универзитет Свети Климент Оридски Битола

21.840.000 денари помалку за Унивезитет Гоце Делчев- Штип

54.080.000 денари помалку за Универзитет за информатички технологии во Охрид

15.000.000 денари помалку за преведување и печатење на стручна литература

75.000.000 денари помалку за изградба на ФИНКИ и ФФК

5.000.000 денари помалку за научно – истражувачка работа


62.522.000 денари помалку за научни иститути

5.000.000 денари помалку за опремување лаборатории

20.000.000 денари помалку за проект за превод на книги од реномирани автори

25.000.000 денари помалку за изградба на основни училишта

8.000.000 денари помалку за реконструкција на основни училишта

105.240.000 денари помалку за изградба на училишни спортски сали во основни училишта

15.000.000 денари помалку за изградба на средни училишта

7.000.000 денари помалку за реконструкција на средни училишта

11.467.000 денари помалку за изградба на училишни спортски сали во средни училишта

155.000.000 денари помалку за изградба и реконструкција на студентски домови

9.100.000 денари помалку за професионален развој на воспитно образвониот кадар во основното и средното образование

5.100.000 денари помалку за развој на дигитални содржини и он-лине курсеви

31.000.000 денари помалку за спортски објекти

12.611.000 денари помалку за млади при Агенција за млади и спорт

48.800.000 денари помалку за развој и имплементација на ИКТ

9.400.000 денари помалку за Универзитет на Свети Климент кај Плаошник

4.000.000 денари помалку за публикација на најзначајните вредности на културното и природното наследство

209.367.000 денари помалку за финансирање на дејностите од областа на културата

30.495.000 денари помалку за филмска дејност

166.500.000 денари помалку за заштита на културното наследство

36.000.000 денари помалку за имунизација на населението

7.967.000 денари помалку за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението

58.000.000 денари помалку за обезбедување на инсулин за инсулино-зависни пациенти во Република Македонија

3.000.000 денари помалку за едукација на лекари и медицински персонал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг