Пратениците на пауза пред расправата за ребалансот на Буџетот

Нетпрес

01/08/2017

11:14

310

Големина на фонт

а а а

Поради немање кворум и присуство на само 59 пратеници, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот и даде пауза до 11 часот.

Пратениците требаше да се изјаснат по предлог-измените на Законот за култура што на почетокот на седницата ги образложи ресорниот министер Роберт Алаѓозовски.

Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот може да трае пет дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг