СДСМ: Ребалансот на Буџетот обезбедува повисоки плати за мотивирани работници и задоволни граѓани

Макфакс

22/07/2017

13:14

490

Големина на фонт

а а а

Ребалансот на Буџетот и кратењето на непродуктивните трошоци за реклами и репрезентации се првите чекори кон остварување на економските мерки кои обезбедуваат поддршка за домашните претпријатија и зголемување на минималната плата на 12 000 денари и натамошен севкупен раст на платите за задоволни граѓани и мотивирани работници, соопшти СДСМ.

Остварувањето на предвидените мерки за повисока минимална плата, како што велат од партијата, ќе се реализира во интензивна соработка и солидарност помеѓу стопанствениците, работниците и државата, со крајна цел за севкупен раст на платите и повисок економски раст.

„Со поддршката за домашните претпријатија, за прв пат во историјата работниците во кожарската, текстилната и индустријата за обувки нема да бидат дискирминирани и ќе земаат идентична минимална плата како и работниците во останатите индустрии. Покрај покачувањето на минималната плата, при вчерашната посета на Штип владината делегација најави дека ќе бидат ослободени финансиски средства за поддршка на проектот на владата за субвенционирање на годишните одмори на најниско платените работници, како и пакет на мерки со кои ќе се изедначат условите за работа на домашните со странските инвеститори“ велат од партијата. 

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев постојано се помеѓу граѓаните и работниците и за време на подготовка на мерките што носат подобар живот за сите и за време на нивната реализација, соопштија од СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг