Фанови на Хари Потер - подгответе се да се расплачете од возбуда за новите две, ДА ДВЕ, нови книги ќе излезат подоцна оваа година.
Издавачот, Блумсбург, вчера објави дека двата нови наслови ќе бидат издадени во октомври, зголемувајќи ја колекцијата на волшебничкиот свет.
За жал, тие нема да бидат оригинални приказни, за разлика од Хари Потер и проколнатото дете, но како и да е, ова сепак се возбудливи вести!
Според The Business Insider, овие книги се објавуваат за да ја одбележат 20-годишнината од објавувањето на "Хари Потер и Каменот на Мудроста" и да се придружат во изложбата "Хари Потер" во Британската библиотека.
"Harry Potter: A History of Magic", книгата на изложбата ќе ги разгледа предметите кои ги изучуваа студентите од Хогвартс - училиштето за Магии и Волшебство.
А "Harry Potter: A Journey Through A History Of Magic" ќе ги понесе читателите низ историјата на светот на Потер, разгледувајќи ги чудовиштата, магиите, волшебниците и вештерките.