Мартин Протоѓер не дојде во судница, се лекувал во воена болница во Будимпешта

Макфакс

21/07/2017

14:49

970

Големина на фонт

а а а

Адвокатот Боро Тасевски го извести Апелацискиот суд дека обвинетиот Мартин Протоѓер, поранешен шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски, бил на боледување во земјата и нема да се појави на судење.

Според адвокатот, во моментот на подигнувањето на обвинението Протоѓер се лекувал во угледна воена болница во Будимпешта по што го прекинал лекувањето и ја доставил патната исправа, иако лекувањето требало да трае до јули.

Во прилог на ова тврдење тој приложил два специјалистички извештаи.

Од СЈО оценија дека од документацијата не можат да ја видат сериозноста на болеста, поради што судијката Лилјана Ивановска Шопова ја побара оригиналната документација. На тоа реагираше адвокатот Тасевски според кого не може обвинителството да оценува болест. 

Матин Протоѓер е обвинет за три кривични дела во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборните манипулации, меѓу кои и за злосторничко здружување. Неговата одбрана побара да му биде вратена патната исправа, наспроти СЈО, кое инсистира да му биде одредена мерка притвор за да се обезбеди негово присуство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг