Бубевски: Не е исто да крадеш струја и да учествуваш во злосторничко здружување

Макфакс

20/07/2017

10:44

627

Големина на фонт

а а а

Во Апелацискиот суд беше разгледана жалбата на Леко Ристовски, обвинет во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство.

Обвинетиот Леко Ристовски побара судот да му го врати пасошот. Адвокатот Димитар Дангов смета дека кривичната санкција не треба да се зема како единствена околност за одземање на пасошот на обвинетиот.

Адвокатот рече дека судот одзел пасоши во предметот „Титаник“ на 16 лица со копи-пејст решенија.

Гаврил Бубевски од СЈО рече дека одлуката на судот е правилно донесена. Тој рече дека станува збор за сложен предмет со 21 обвинет и дека мерките за одземање пасоши и за редовно јавување во судот се ценети индивидуално за секој обвинет посебно.

„Не е исто да крадеш струја и да учествуваш во злосторничко здружување“, рече Бубевски. 

Леко изјави дека е вознемирен затоа што е во судница. 

„Опасноста од бегство е смешна, се јавувам редовно и во СЈО и во судот“, рече обвинетиот. 

За жалбите во овој предмет ќе одлучува советот во состав на судиите Љиљана Ивановска-Шопова, Сафет Кадрии и Цветанка Периќ. 

Во предметот „Титаник“ поранешни министри, судии, нотари, членови на ДИК и други лица се обвинети за кривични дела против изборите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг