Венецуела: Во буџетот има 10 милијарди долари, најмалку во последните 20 години

Макфакс

20/07/2017

10:24

405

Големина на фонт

а а а

Државната каса на Венецуела ја достигна најниската точка во последните две децении, бидејќи оваа земја во кеш има помалку од 10 милијарди американски долари.

Според податоците на Централната банка, девизните резерви кои се чуваат за „црни денови“ се под 10 милијарди долари, односно се наоѓаат на нивото од 1995 година.

Проблем преставува и тоа што 10 милијарди не се во пари, туку во злато, чија цена би можела да варира. 

Венецуела која е богата со нафта некогаш беше најбогата земја во Јужна Америка. 

Владата на претседателот Николас Мадуро не престанува да се задолжува, а во моментов државата должи пет милијарди долари кои мора да ги врати до крајот на годината. 

Поради ваквата ситуација, во државата има недостиг на храна, лекови и други основни прехранбени продукти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг