Апелација ќе одлучува за притворите на Груевски, Јанакиески, Јанкуловска

Макфакс

20/07/2017

09:44

3.034

Големина на фонт

а а а

Судиите на Апелациониот суд денеска на седум последователни јавни седници ќе ги разгледуваат жалбите од СЈО за неопределување притвор за обвинетите во случаите „Титаник“ за изборни измами и „Тендери“ за набавките во Музејот на ВМРО.

Се очекува судиите на кривичниот совет да одлучуваат за слободата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, и Кирил Божиновски, како и по нивните жалби за одземање на пасошите и мерките да се јавуваат еднаш неделно во судот.

Обвинителниот акт во случајот „Титаник“ опфаќа 20 лица, обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за изброната кампања, уништување изборен материјал, повреда на слободата на определување на избирачите, злоупотреба на службената положба и областување.

Во случајот „Тендери“, обвинета е екс-министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и уште две други лица за кривино дело злоупотреба на службена положба и овластување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг