Јаулески: СДС скрати 213 милиони денари за универзитетите, а ветуваше подобри услови во образованието

Макфакс

19/07/2017

16:21

293

Големина на фонт

а а а

СДС скрати цели 213 милиони денари наменети за универзитетите и факултетите низ државата, а ветуваше подобри услови во високото образование, изјави Јован Јаулески од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС скрати цели 30% од буџетот за универзитетот во Охрид. СДС крати и 50% од парите наменети за ФИНКИ. Ниту Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ и Универзитетот ‘Гоце Делчев’ не останаа имуни на негрижата од страна на СДС. За жал, од оваа негрижа најмногу ќе страдаат студентите. Десковска како министер доаѓа од позицијата професор на правниот факултет. Таа во предизборието ги лажеше студентите и младите дека тие ќе бидат на прв план во новата влада на СДС, а сега истата таа професорка од позиција на министер, по насока на Заев, крати 213 милиони денари од парите наменети за високообразовните институции. Тоа е лицемерие на дело“, рече Јаулески.

Според него, „владата на СДС не е реформска, таа е антиреформска, владата на СДС не носи прогрес во образованието, таа носи помалку стагнација, а повеќе уназадување“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг