Гласините за малиот Galaxy S8 ветуваат „мини ѕвер“

Точка

05/07/2017

12:44

2.368

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејски Самсунг моментално продава две верзии од новиот Galaxy S8 - тоа е стандардниот S8 и S8+ изданието со поголем екран.

Сепак, според најавите, наскоро оваа компанија би требало да го претстави третиот член на семејството - Galaxy S8 Active, а јужнокорејскиот гигант наводно подготвува и четврт телефон - Galaxy S8 Mini.

Доколку гласините се покажат како точни, S8 ќе биде најдобриот Galaxy Mini досега. Тие кои што ја познаваат линијата на „мали“ Galaxy телефони на Самсунг многу добро знаат дека цените на овие уреди никогаш не биле во ранг со нивните димензии, а затоа спецификациите не се исти, односно во најмала рака се приближно исти како „поголемите“ адути.


Поради тоа, аналитичарите на пазарот сметаат дека Самсунг сосема „неоправдано“ ги продава мини верзиит на своите најмоќни паметни телефони по висока цена.

Овој пат, се чини дека Самсунг ќе се потруди мини верзијата на Galaxy S8 да биде доследна на името на „осмицата“ и да го направи прилично моќен.


Се шпекулира дека новиот Galaxy S8 Mini ќе има екран со големин од 5,3 инчи, ќе го има минатогодишниот процесор Snapdragon 821, потоа 4 GB RAM и 32 GB интерна меморија. Ова секако не значи дека Galaxy S8 Mini ќе биде брз и моќен како и Galaxy S8, но сепак ваквите спецификации ветуваат дека „малиот“ телефон ќе биде во ранг со Google Pixel.

Покрај тоа, според гласините на задната страна новиот Galaxy S8 Mini ќе има камера со резолуција од 12 мегапиксели, како и скенер за зеницата на окото. Засега нема точни информации дали и кога овој телефон би можел да се појави на пазарот.