Поминаа 24 години од загубата на ,,кошаркарскиот Моцарт”: Нејзината желба за брзо возење гo одведе Дражен во смрт

Дерби

23/06/2017

12:57

2.571

Големина на фонт

а а а

Поминаа 24 години од смртта на Дражен Петровиќ. Спомените повторно се вратија за кошаркарскиот Моцарт. Дражен загина во сообраќајна несреќа, откако возилото во кое се возеше се удри со камион.

Тогашната девојка на Дражен, Клара Саланци беше возачот на автомобилот.Но, таа и сопатничката од задното седиште во автомобилот преживеаа, а судбината сакаше Дражен кој спиел во тоа време, да загине од силината на ударот.

Поранешната германска манекенка Клара, нема отворено уста и не сака да зборува околу несреќата. Среќно е мажена за поранешниот фудбалски репрезентативец на Германија Оливер Бироф.

Но после скоро четврт век од трагичната загуба на Дражен Петровиќ, неговиот другар, Марио Миоциќ се отвори за јавноста. 

– Како вчера да беше. Знам многу убаво и паметам Клара се фалеше како сака брзо да вози. Нејзината љубов за Дражен ми се чинеше дека е само поради тоа да биде со некоја ѕвезда, а Дражен пак во тој период беше навлечен на неа и обрнуваше целосно внимание. Не беше тоа некоја љубов од бајките, но поради неа, Дражен целосно го промени планот, а пак тоа воопшто не личеше на него, – изјави Марио Миоциќ.