Елитна единица ќе ги чува гостите на инаугурацијата на Вучиќ

Макфакс

22/06/2017

12:48

760

Големина на фонт

а а а

Десет шефови на странски држави и влади и лидери на земји од регионот, кои в петок ќе присуствуваат на инаугурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе бидат обезбедувани од страна на припадници на најелитната единица на МУП и војската, пишува српски „Блиц“.

„На обезбедувањето на инаугурацијата на претседателот Вучиќ ангажирани се МУП, БИА и ВБА. Заеднички тимови веќе одржаа неколку координаторски состаноци, на кои се договорени мерки за највисок степен на обезбедување. Една од тие мерки е секој лидер да добие лично обезбедување“ пишува „Блиц“, повикувајќи се извор вклучен во подготовките за инаугурацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг