ВМРО-Народна: Средбите во Бугарија ќе свртат нов лист во балканската политика

Макфакс

21/06/2017

12:11

622

Големина на фонт

а а а

ВМРО-Народна партија ја поздравува вчерашната средба на премиерот Зоран Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Според партијата, овој чекор претставува нова можност кон унапредувањето и развојот на добрососедските односи помеѓу двете држави, а со тоа и обновување на заложбите за интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

„Очекуваме, Бугарија како земја членка на ЕУ со најголема искористеност на фондовите, со своето искуство и поддршката за Република Македонија да придонесе кон наша побрза реализација на интегративниот процес како идна земја членка“, соопшти ВМРО-Народна.

Во соопштението се додава дека со ваквиот развој на настаните се врти нов лист во балканската политика кон целосна европеизација на Балканот. 

„Истовремено жалиме што ВМРО-ДПМНЕ ова не го направи многу порано, имајќи можност додека долго време ја водеше државата, туку не оддалечи од европските соседи – Бугарија и Грција. ВМРО-ДПМНЕ за целиот период имаше игнорантскиот однос кон Република Бугарија не сакајќи да ги продолжи воспоставените практики и да ги искористи можностите што ги овозможува Бугарија како земја членка на ЕУ. Таа беше главен сопирач како на добрососедските односи така и кон процесот на приближување на Македонија кон ЕУ и членството во НАТО“, е ставот на ВМРО-Народна партија. Ваквиот чин, според нив, е добар пример за нормализирање на добрососедските односи и со другите соседи кои се од круцијално значење за Евро-атлантскиот пат на Република Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг