Вучиќ: Србија никогаш нема да се придружи кон антируските санкции

Нетпрес

21/06/2017

09:58

489

Големина на фонт

а а а

Србија има за цел да ги задржи пријателските односи со Русија и никогаш нема да се придружи кон антируските санкции, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за националната телевизија РТС.

Тој како цел на српската надворешна политика го посочи и подобрувањето на односите со Кина.

– Ние одиме по европски пат. Нашата цел е да ги задржиме стабилни пријателските односи со Русија и ние никогаш нема да воведеме санкции кон Русија. Втората наша цел е развивање односи со Кина, посочи Вучиќ на прашањето дали новата влада ќе биде прозападна. 

На 15 јуни Вучиќ ја предложи Ана Брнабиќ за премиер и и порача да ги зајакне односите со Европската унија, со Русија, со Кина и со САД. Како основни задачи ги наведе зголемувањето на авторитетот на Србија на меѓународен план и развој на национачната економија. 

Претседателот на Србија посочи и дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово. 

– Како можам да го признам Косово, ако над Уставот се заколнав дека никогаш нема да го признаам Косово, наведе Вучиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг