Меј постигна договор со демократските унионисти и ќе формира влада

Макфакс

09/06/2017

13:55

515

Големина на фонт

а а а

Британската премеирка Тереза Меј постигна договор со Партијата на демократските унионисти, што ќе ѝ овозможи да формира влада, објави Гардијан.

Се очекува премиерката попладнево да се сретне со кралицата за да потврди дека има договор, кој следи по долги и исцрпни преговори кои траеле цела ноќ, пренесуваат британските медиуми.

Членови на ДУП инсистираат дека нивните врски со тимот на Меј биле блиски откако таа стана премиер пред 11 месеци. 

Извор од ДУП рекол:

„Ние сакаме да има влада. Добро работевме со Меј. Алтернативата е неподнослива.“ 

„Сè додека Корбин ги води лабуристите, ние ќе направиме сè за премиерот да биде конзервативец.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг