Samsung Galaxy Note 8 пристига во август?

Точка

09/06/2017

11:52

2.784

Големина на фонт

а а а

Според најновите информации, компанијата Samsung во месец август ќе го претстави новиот Galaxy Note 8.

После проблематичниот Galaxy Note 7, многумина се запрашаа кога ќе се појави неговиот наследник. Samsung веќе најави дека тоа ќе се случи во втората половина од оваа година, а сега се појавија и неофицијални информации дека тоа ќе се случи во месец август.

Samsung наводно со претставувањето на новиот Note 8 ќе го “престигне” ривалот Apple, од којшто се очекува својот нов iPhone 8 да го претстави во месец септември.

Медиумите пишуваат дека Note 8 моментално се тестира со Андроид 7.1.1 (Nougat) наместо со бета верзија од новиот Android O, што претставува само еден од показателите дека паметниот телефон на Samsung и навистина би можел да пристигне на пазарот пред доаѓањето на новиот оперативен систем.


Претставувањето во месец август не би било ништо ново за семејството Note, бидејќи минатогодишниот Note 7 беше претставен токму на 2-ри август, а продажбата започна веќе од 19-ти август.

Samsung има големи очекувања од новиот уред, особено поради фактот дека Galaxy S8, којшто беше претставен во месец март, доживеа огромен успех.

Note 8 најверојатно ќе биде сличен со Galaxy S8, но ќе добие 6.4-инчен екран со тенки рабови и подобрена камера. Со новиот телефон ќе биде претставено и подобреното S-Pen пенкало.