ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да потклекнува на заканите од СДСМ

Макфакс

08/06/2017

16:26

539

Големина на фонт

а а а

Не е првпат СДС да врши брутална партизација на институциите и политички да суспендира и разрешува професионалци обидувајќи се да си отвори простор за поставување партиски послушници – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Велат дека тоа што го презентирал Спасовски денес е врв на лицемерието и двојни аршини.

„Против полициските службеници кои не применија сила при демолирањето, палењето и ограбувањето на канцеларијата на претседателот на Република Македонија немаше никаква постапка. Против полициските службеници кои на 27 април постапија на истиот начин сега се водат постапки. 

ВМРО-ДПМНЕ јасно го кажа својот став во врска со случувањата од 27 април. На физичкото насилство му претходеше политичко насилство. Одговорност мора да има и за политичкото насилство. 

Јавното обвинителство не смее да подлегнува на притисоците и заканите од СДС и мора да продолжи да постапува професионално, исклучиво согласно Уставот и законите. Барањата на Заев за смена на републичкиот јавен обвинител се само со една единствена цел, прикривање на сопствениот криминал и инсталирање послушник кој ќе ги спроведува наредбите за политички прогон на неговите неистомисленици“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг