Мисајловски: Заев до каде се 500-те километри нови автопати

Макфакс

08/06/2017

15:20

409

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев треба да каже до каде се 500-те километри нови автопати кои ќе ги гради во Република Македонија, наместо да се занимава со лаги и измислици. Лагите на Заев нема да го подигнат стандардот на граѓаните и нема да го покријат неработењето на антиреформската влада – рече на денешната прес-конференција Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Заев во интервјуто на националниот сервис лажел за бројот на автопати кои се градат, односно конкретно, дека не се работи на автопатот Кичево – Охрид.

„Се градат три автопати и ниту еден не е застанат со градба. Тоа може лесно да се провери на терен. Она што може да ги запре работите на терен и сите оние автопати е неспособноста на СДС и антиреформската влада“, рече Мисајловски. 

Тој дополни дека наместо лаги, Заев на граѓаните треба да им ги објасни новите 500 километри автопат кој ќе ги гради во Република Македонија, односно кога ќе ги градат, каде ќе се наоѓаат овие автопати и колку пари ќе чинат. Тоа е она што ги интересира граѓаните. 

„Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006 година не наследи ниту еден квалитетен проект за да може да се почне со некаква градба. Токму затоа изминатите години интензивно се работеше и на документација за проектирање, покрај изградбата која е видлива на терен и секако дека може и јавноста да ја види. 

Дополнително, Заев треба да знае и дека Јавното претпријатие за државни патишта само ги враќа кредитите и е самофинансирачка институција која има големи средства на својата сметка. Во време на СДС имаше само еден проект кога се во прашање патиштата, кој многу потсеќа на економската логика ‘Евро за Вицето’ на анти-реформаторите на Заев: тоа е проектот ‘пола-пола’ кој се спроведуваше на патарините низ цела Македонија“ – рече Мисајловски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг