Во Тетово е поведена постапка против лице кое со нож ѝ се заканило на жена за време додека пиела кафе и ѝ ја украл чантата со пари. За осомничениот е предложена мерка притвор.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за тешка кражба.
На 26 ноември, додека една оштетена седела пред кафетерија во Тетово и пиела кафе, а својата чанта ја оставила на столицата до неа, осомничениот ѝ се заканил со нож и ѝ ја одзел чантата.
По пат го извадил паричникот во кој имало 4.000 денари, а чантата ја фрлил на земја. Продолжувајќи да се заканува со ножот, избегал од местото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.







