Ердоган: Изолирањето на Катар нема да ја реши кризата

Нетпрес

07/06/2017

10:45

942

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави синоќа дека изолирањето на Катар, вклучително и наложувањето на санкциите, нема да ги реши проблемите, и увери дека Анкара ќе направи се што е можно за прекинување на кризата, јави ТАСС.

Во понеделникот осум држави – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Египет и Јемен, и привремено Владата на Либија, Малдивите и Маврициус ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го дека поддржува исламски екстремисти и шиитски Иран.

Неколку земји соопштија дека преземале и други мерки, вклучително и прекинувањето на транспортните врски, економските и финансиските односи, и прекинување на банкарските операции. 

– Изолирањето на Катар нема да реши никакви проблеми, нагласи Ердоган. 

– Ние правиме се што е во наша моќ за решавањето на кризата, истакна турскиот претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг