Заев со Ахмети ги започнува преговорите за состав на новата влада

Макфакс

19/05/2017

10:25

824

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ и мандатар Зоран Заев денеска ги почнува разговорите за состав на нова влада, најпрво со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Според најавите, се очекува разговорите да траат интензивно и викендов, со оглед на најавите на Заев дека сака брзо да биде формирана влада, дури и за помалку од 10 дена од доделувањето на мандатот.

Уставниот рок до кој треба да биде договорен владиниот состав истекува на 6 јуни, но намерата на мнозинството е тој договор да се постигне многу порано. 

Неофицијално, уште претходно идните коалициони партнери разговарале за тоа кандидатите што би биле предложени за министерски позиции, но и на други јавни функции, да не бидат опфатени од истраги на СЈО, односно зад нив да нема никакви корупциски афери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг