Џафери: Чекам политички договор за локалните избори

Макфакс

12/05/2017

16:24

1.000

Големина на фонт

а а а

Политичките партии треба со консензус да се договорат за датумот за локалните избори и потоа да ме известат, по што јас имам обврска да свикам Седница, информираше собранискиот спикер Талат Џафери на средбата со новинарите. Додаде дека треба брзо да се делува поради што мандатите на градоначалниците и советите истекуваат во недела.

„Доколку има политички договор, процедурата за локалните избори може да се заврши за еден ден. Неопходно е прво да се изберат Комисиите за избори и именувања, за политички систем и законодавно-правна комисија. Притоа треба да се достави предлог за изменување на изборниот законик, кој ќе го разгледуваат комисиите и потоа ќе помине на гласање на пленарна седница. Јас пред два дена стапив во контакт со лидерите на ДУИ и СДСМ, и претставник на ВМРО-ДПМНЕ и ги известив за чекорите кои се неопходни во однос на презакажувањето на локалните избори“, рече Џафери.

Тој рече дека во понеделник ќе свика редовна координација со претставниците на парламентарните партии на која меѓу другото ќе стане збор и решавање на состојбата околу локалните избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг