Министерот за локална самоуправа бара Собранието да постапи по барањата на ЗЕЛС

Макфакс

11/05/2017

14:03

351

Големина на фонт

а а а

Mинистерот за локална самоуправа и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија до Собранието на Република Македонија, односно до претседателот на Собранието, Талат Џафери доставија барања со кои се бара Собранието на Република Македонија да најде решение за надминување на состојбата поради неодржувањето на локалните избори и се укажува на проблемите кои ќе настанат во оваа ситуација, соопштуваат од Собранието.

„Претседателот на Собранието, Џафери, барањата ги достави до пратениците во Собранието на Република Македонија бидејќи ова прашање исклучиво е во надлежност на Собранието на Република Македонија кое бара итно усогласување на сите политички партии во Собранието во однос на потребните измени во Изборниот законик, но и на сите други активности кои се однесуваат на постапката утврдена во Деловникот на Собранието на Република Македонија како во однос на основање на сите работни тела во Собранието така и во однос на постапката за разгледување и донесување на законите“, се вели во соопштение од Собранието.



Спонзорирани линкови

Маркетинг