"Charlie Hebdo" удри на Првата дама на Франција, јавноста бесна: Ова е срамота!

Точка

10/05/2017

15:24

5.992

Големина на фонт

а а а

Корисниците на интернетот денес оцениле дека сексистичката насловна страна на најновото издание на сатиричниот неделник "Charlie Hebdo", на која има карикатура од новиот претседател на Франција, Емануаел Макрон, со 25 години постарата сопруга Брижит, која е бремена.

Весникот "Express" на својот сајт ги пренел коментарите на корисниците на интернет, дека карикатурата од Брижит Макрон е сексистичка, и дека таква карикатура сигурно не "би нацртала жена". 

Под карикатурата стои натпис: "Тој ќе направи чуда!". "Оваа недела "Charlie Hebdo" ви открива дека се е можно во текот на наредниот 5-годишен претседателски мандат", иронично навел весникот. 


"Знаеме дека е таа постара од него, па што! Зошто не нацртате карикатура од маж кој има многу помлада жена? Срамота!", гласи еден од коментарите на интернет. 

"Тоа е обичен сексизам. "Charlie Hebdo" падна ниско", навеле други корисници на интернет. 

Сатиричниот весник кој излегува во среда, минатата седмица пред вториот круг претседателски избори имал насловна страна без карикатури, туку со големи букви напишано: "Зарем мораме да ви нацртаме за кого да гласате", алудирајќи дека го поддржуваат Макрон. 


Брижит Макрон која од 2007. е во брак со новиот претседател на Франција, во април изјавила дека ја погодуваат навредите на медиумите на нејзина сметка. 

Charlie Hebdo кој пред повеќе од две години бил мета на терористичкиот напад во кој настрадале неколку карикатуристи, навел дека ќе продолжи да пишува со иста критика и дрскост. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг