Макрон бесен: "А што ако мојата сопруга е 20 години помлада од мене? Гласините за нас ги шират оние кои ги мразат жените"

Точка

09/05/2017

14:07

4.370

Големина на фонт

а а а

Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, смета дека предрасудите дека тој не може да биде во љубов со жена која е 24 години постара од него - се засновани на "омраза кон жените".

Тој во интервју за Le Parisien пред изборната победа, изразил уверување дека на никој не би му паднало на памет да ја доведе до прашање неговата љубов доколку неговата сопруга била 20 години помлада од него, пренесува денес британски Independent. 

"Вака, многумина тврдат дека нашата врска не е одржлива и не е можна", рекол Макрон, припишувајќи ги таквите тврдења на женомразачите и "традиционалните, хомогени" ставови во општеството. 


Според неговите зборови, луѓето кои ги шират таквите гласини или веруваат во нив или "изгубиле секакво чувство за реалност" или имаат "поприличен проблем со хомосексуалноста". 

"Постои голем проблем со претставата во општеството и со тоа како тие го гледаат местото на жените", истакнал Макрон, додавајќи дек таквите гласини за него "го дестаблизираат" и неговото најблиско окружение, изразувајќи жалење што политиката не е "поцивилизирана". 


Тој , во текот на изборната кампања, се соочувал и со гласини дека е хомосексуалец, на таа тема вели дека постои "распространета хомофобија" и дека луѓето хомосексуалноста ја сметаат за "сокриена болест". 

Во текот на кампањата најавил дека неговата сопруга, ако стане прва дама, нема да биде сокриена во ниедна смисла, па ни зад твитовите, што Le Parisien го гледа како зајадлива алузија на однесувањето на партнерката на неговиот претходник, претседателот Франсоа Оланд. 


Како Трамп - но во контра насока 

39-годишниот Маркон сегашната сопруга, 64-годишната Брижит Троње ја запознал кога имал 15 години, кога таа била наставничка по драма, а се зближиле додека заедно работеле на текстот за една претстава. 

Родителите на Макрон, како што е наведено во неговата биографија, биле шокирани кога дознале дека нивниот син, тогаш тинејџер, е во љубовна врска со омажена наставничка. Се венчале во 2007. година, кога тој имал 30, а таа 54 години. 


Интересно е, инаку, дека разликата во години помеѓу Макрон и неговата сопруга е слична со таа помеѓу Доналд и Меланија Трамп, но во обратна смисла. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг