Русите загрижени: Зошто Западот не им дозволува на експертите да го истражат хемискиот напад во Сирија?

Точка

21/04/2017

15:30

1.505

Големина на фонт

а а а

„Ова е многу сериозна ситуација - зошто Западот не им дозволува на OPCW екпсертите да ја истражат локацијата каде што се случи наводниот хемиски напад во Сирија?“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека западните сили настојуваат да ја спречат истрагата на теренот во Сирија на просторот на провинцијата Идлиб каде што наводно се случил нападот со хемиско оружје.

„Сметам дека ова е многу сериозна ситуација, затоа што сега е очигледно дека лажната информација за употреба на хемиско оружје од страна на сириската војска се користи за оддалечување од Резолуцијата 2254 која што налага политичко решение за конфликтот во Сирија“, изјави Лавров.

Рускиот шеф на дипломатијата, за време на средбата со својот кинески колега Ванг Ји во Астана, порача дека сето тоа се движи во насока „кон менување на режимот, нешто што Западот го сака веќе подолго време кога е во прашање Сирија“.


Рускиот министер тврди дека Западот им забранува на OPCW (Организација за прохибиција на хемиско оружје) да испрати свои експерти на местото каде што се случил хемискиот напад, како и на просторот на сириската воздушна база од каде што се тврдеше дека полетале сириските авиони вооружени со хемиски бомби.

„Вчера, на 20-ти април, нашето барање OPCW да испрати сво експерти на терен е блокиран од страна на Западните делегации без никакво образложение - истовремено, Велика Британија и Франција тврдат дека нивни екперти собрале примероци од локацијата на инцидентот“, изјави Лавров.


Западните сили го обвинуваат сирискиот претседател Башар Ал Асад дека стои зад неодамнешниот хемиски напад, поради кој во знак на одмазда, американскиот претседател Доналд Трамп нареди бомбардирање на сириска воздушна база.

Од друга страна, Русите кои што и натаму се зад сирискиот претседател, тврдат дека нема докази дека нападот го извеле сириски авиони, односно тврдат дека при напад на сириски авиони, било погодено големо складиште со хемиско оружје на бунтовниците, при што хемискиот отров се распрскал и довел до цивилни жртви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг