Рохани: Трамп ги поддржа сириските терористи

Макфакс

08/04/2017

14:05

1.408

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Иран, Хасан Рохани рече дека терористите му аплаудираат на американскиот претседател Доналд Трамп за нападот со ракети на воздушната база во Сирија, пренесуваат светските агенции.

Рохани ги подржа повиците за независна истрага за наводниот хемиски напад изведен во северозападна Сирија.

„Овој човек, кој сега е лице на Америка, тврдеше дека сака да се бори против тероризмот, но денес сите терористи во Сирија го слават САД“, рече Рохани во обраќање до јавноста, пренесено од иранската државна телевизија. 

САД испукаа над десетина ракети на сириската воздухопловна база за која тврдат дека го покрена овонеделниот напад со хемиско оружје, во кој беше забележан голем број на жртви . 

„Зошто ја нападнавте сириската војска, која е војната е против терористите? Со кој закон и овластување ги пративте своите ракети во оваа независна земја?“, запраша Рохани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг