Трамп пред четири години остро го осуди Обама поради напад на Сирија, а денес претвори во пепел сириска воздушна база

Точка

07/04/2017

17:03

2.810

Големина на фонт

а а а

Пред да стане претседател на САД, Доналд Трамп во повеќе наврати преку својот профил на Твитер, силно се противеше на воените акции на американската армија во Сирија.

Сепак, утринава Доналд Трамп нареди воен напад на Сирија и уште еднаш на целата светска јавност ѝ стана јасно дека без разлика на тоа кој е претседател на САД, Американците имаат национална стратегија која што сите ја почитуваат. Тие што се радуваа дека Трамп соборил естабилишмент и конечно САД ќе им попушти на Русите, барем кога е во прашање Сирија, декес сфатија дека се лажат.

Од неколку американски разурнувачи, распоредени во источниот дел на Средоземното море, утринава полетаа педесетина Tomahawk ракети и целосно разнесоа сириска воздушна база, а сето тоа беше наредено директно од претседателот Доналд Трамп.

И додека целиот свет се прашува дали американската воена акција ќе продолжи, американски „СиЕнЕн“ се прашува дали американскиот претседател планира да побара одобрување од Конгресот и потсетува дека кога Барак Обама размислуваше да го стори тоа, Трамп јасно порача дека би било „голема грешка“ доколку не побара одобрување.


„Претседателот мора да добие одобрување од Конгресот пред да ја нападне Сирија. Би било голема грешка доколку не го стори тоа“, напиша Доналд Трамп на својот профил на Твитер во 2013-та година.

„Што ќе добиеме со бомбардирањето на Сирија, освен повеќе долгови и можен долготраен конфликт? Обама треба да добие одобрување од Конгресот“, напиша Доналд Трамп на 29-ти август 2013-та година.

Покрај тоа, Доналд Трамп во неколку наврати го повикуваше поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, да не превзема никакви воени акции против Сирија, а во една прилика порача дека дури и било „неразумно“ да се размислува на таа тема.

„Му повторувам на нашиот будалест лидер, не ја напаѓај Сирија - Ако го направиш тоа, многу лоши работи ќе се случат и од таа борба САД нема да добие ништо“, напишал Трамп во септември на својот профил на Твитер.

„СиЕнЕн“ меѓутоа, порачува дека постои разлика од тоа што Доналд Трамп го знае денес, и од тоа што го знаел пред да стане претседател на САД.

„Претседателот сега ги има сите информации за граѓанската војна во Сирија, нешто што го немаше додека беше обичен граѓанин и пишуваше на својот профил на Твитер“, заклучи американскиот медиум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг