Само што не започнала Трета светска војна?! Американците со ракетите погодиле само 23 мети од 59, Русите прашуваат каде се останатите!

Точка

07/04/2017

14:37

14.840

Големина на фонт

а а а

Америка лансирала 59 крстаречки ракети "Tomahawk" на воздушната база на сириската војска, поради нападот со хемиско оружје на бунтовничкото упориште во провинцијата Идлиб во вторникот, пренесува "Russia Today".

Американскиот претседател Доналд Трамп ги наредил овие напади како одговор на страдањето на цивилите и за да се "стави крај на крвопролевањето во Сирија". Сириската војска објавила дека 10 лица загинале, вклучувајќи и четири деца, додека седум биле повредени во овој напад. Рускиот претседател Владимир Путин истакнал дека ова е "агресија против суверена земја".

Министерството за одбрана на Русија тврди дека само 23 од 59 крстаречки ракети, лансирани од американските воени бродови, ја погодиле својата цел.

Тоа го навел портпаролот на министерството, генерал-мајор Игор Конашенков, повикувајќи се на податоци од руски служби, пренесува Tass.

Овој инцидент се случил токму во моментот кога Русија пружа целосна поддршка за сирискиот режим со своите воздушни напади. 

САД го нападнале воениот аеродром во Сирија во близина на Хомс. Лансирани биле 59 крстаречки ракети од брод во Медитеранот. Со новиот развој на настаните, светските медиуми пренесуваат дека е многу можно само 30 секунди да не делат од Трета светска војна, со оглед на тоа дека Доналд Трамп "фрлил буре барут на граѓанската војна во Сирија", пренесува Mirror

Пред овој инцидент Трамп не покажувал интерес за воено решавање на проблемите во Сирија. Бројни земји го поддржале американскиот ракетен напад, меѓу кои и Велика Британија. 

Од друга страна Русија остро го осудила нападот, а претседателот Путин истакнал дека Америка извршила чин на "агресија на суверена држава". 

Америка верува дека Сирија е одговорна за нападот со хемиско оружје кој се случил во вторникот, во кој настрадале најмалку 70 луѓе, вклучувајќи и многу деца. 

Поради тоа започнале акција насочена кон сирискиот режим, а сè со цел да заврши крвопролевањето во Сирија. 

Доналд Трамп се огласил од "Мар-а-Лаго" на Флорида, истакнувајќи дека Башар ал Асад со хемиско оружје нападнал невини цивили. 

Овој инцидент се случил токму во моментот кога Русија пружа целосна поддршка на сирискиот режим со своите воздушни напади, пренесува Mirror

Русија тврди дека нивните напади погодиле десетина цели на ИСИС, а претседателот Путин истакнал дека делувањето на Западот не дава резултати. Меѓутоа, бунтовничките групи во Сирија тврдат дека тие се мета на нападите на руските сили и сирискиот режим, не само ИСИС. 

Бидејќи воздушниот простор над Сирија е оптоварен поради борбените авиони, хеликоптери, беспилотни летала и ракети, сето тоа може да има сериозни глобални последици.

Во текот на 2015. година американски авиони морале да ги напуштат своите цели во Сирија, и да ги избегнуваат американските авиони. 

Во еден момент се случило руски и американски авиони да бидат на само 20 километри едни од други, што би можело да доведе до катастрофа за само 30 секунди. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг