Неколку часа пред нападот на сириската база, Хилари Клинтон му порачала на Пентагон: Збришете ги аеродромите на Асад!

BalkanInsight

07/04/2017

13:12

5.041

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, наредил напад на Сирија само неколку часа откако поранешната шефица на американската дипломатија, Хилари Клинтон, јавно го повикала Пентагон да "ги збрише аеродромите на Асад", известува агенцијата PA.

Во своето прво интервју по шокантниот пораз на изборите во САД, Клинтон рекла дека "Воената моќ на Асад е клучен компонент во нападите кои однеле многу животи на обични цивили од 2011. година". 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, наредил напад на воената база Шајрат ноќта помеѓу четврток и петок, а се наведува дека една од причините е тоа што од таа база "наводно започнал хемискиот напад на провинцијата Идлиб, поточно градот Кан Шеикон, кога биле убиени 80 цивили". 


Клинтон во интервју за New York Times изјавила дека е "голема грешка што САД порано не започнале таква офанзива на Сирија". 

"Асад има авијација, а тие авиони се одговорни за смртта на цивилите. Го гледавме тоа и претходните години, гледавме и пред неколку дена. Верувам дека мора да ги уништиме тие бази и да спречиме од таму да започнат нападите на невиниот сириски народ", рекла Хилари Клинтон. 

Guardian додал дека "тајмингот на интервјуто на Хилари и наредбата на Трамп за напад во Сирија е многу интересен". 


Потсетуваме, САД извршиле воздушни удари на базата на сириската армија, во знак на одмазда за нападот со хемиско оружје на Кан Шеикон, град под контрола на бунтовниците. Во нападот биле убиени најмалку 7 сириски војници, а базата е целосно уништена. 

Русија: САД го планирале овој напад одамна, знаат дека Асад нема хемиско оружје 

Министерството за одбрана на Русија соопштило дека ракетниот напад на САД на сирискиот аеродром е одамна подготвен. 

Министерството за одбрана на Русија смета дека нападот на САД на сирискиот аеродром во провинцијата Хомс е грубо кршење на меморандумот за безбедноста на летовите над Сирија. 


Од министерството било кажано дека САД го планирале и подготвиле овој напад, а дека го искористила "наводниот напад со хемиско оружје над цивили" за да го оправда својот потег. 

"За да ја оправда својата акција, Вашингтон целосно го изврте инцидентот во Идлиб. САД не можат да разберат дека сириските воени сили не користат хемиско оружје таму. Дамаск не поседува хемиско оружје, како што неколку пати докажаа квалификувани експерти", рекле од министерството. 

Генералштабот на сириската војска исто така го осудил нападот, нарекувајќи го чин на агресија, и истакнал дека САД е сојузник на терористите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг