“Spider-Man” им се враќа на своите корени, а има и нови играчки

Точка

29/03/2017

18:31

1.651

Големина на фонт

а а а

Во новиот форшпан добиваме сè она што Spider-Man во стрипот го сочинуваше Spider-Man. Секако, со неколку симпатични засилувања кои пријателскиот пајак ги добил од Iron Man.

Досега имавме прилика пет пати да го гледаме Spider-Man на големото платно и практично инстантно стана миленик на публиката.

Неговото продолжение и ден денес е едно од најфалените суперхеројски филмови, но во третиот дел од овој серијал многу потфрли приказната и режијата, па четвртиот дел не го ни видовме.

Воскреснувањето на човекот пајак се случи десет години после првиот филм, низ филмот „The Amazing Spider-Man”. Уште еднаш Спајди се обиде да ги освои срцата на публиката, но иако заработката била добра, па било снимено и продолжение, сепак немало љубов. Главните забелешки беа на сметка на тоа дека филмовите не ја прикажале суштината и значењето на овој суперхерој.

Но, како што се чини, во најновиот филм „Spider-Man: Homecoming'“ добиваме се` она што во стрипот го сочинуваше Spider-Man. Секако, со неколку симпатични засилувања кои пријателскиот пајак ги добил од Iron Man. Така, можеме да видиме нов костум, механички пајаци дронови и крила за летање.

Но, продолжението не останува на тоа да ни покаже колку Спајдермен одеднаш е унапреден, туку ни го покажува и Адријан Тумес (Мајкл Китон) т.е. Вулчур, еден од класичните противници на Спајдермен во механичко одело.

Том Холанд уште еднаш го глуми главниот лик, а нему ќе му се придружи и споменатиот Iron Man т.е. Тони Старк (Роберт Дауни Џуниор).