Се очекува дека дневникот на аукцијата на 26. април ќе достигне цена од околу 200.000 долари.
На аукција следниот месец ќе се најде дневникот на некогашниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, во кој тој како 28-годишник по посетата на Германија во 1945. година, пишувал за Адолф Хитлер, фасциниран од нацистичкиот лидер, кој четири месеци пред тоа извршил самоубиство.
Се очекува дека дневникот на аукцијата на 26. април ќе достигне цена од околу 200.000 долари.
Кенеди напишал дека Хитлер "имал безгранични амбиции за својата земја, што го направило закана за мирот во светот, но околу себе создал мистерија за начинот на кој живеел и умрел, која ќе живее и расте и по него".
Извршниот потпретседател на РР аукција, аукциската куќа која го нуди дневникот, Боби Ливингстон, истакнува дека пишувањето на Кенеди нема глорификација и дека не би требало да се вади од контекст.
Кенеди дневникот го пишувал во летото 1945. година, непосредно по завршувањето на Втората светска војна, кога патувал низ Европа како новинарски коресподент. Дневникот го предал на својот асистент за истражување од Сенатот, Диједра Хендерсон, кој содржината на дневникот ја објавил како книга во 1990. година.