Најстрашниот циклон измерен изминативе години го погоди Мадагаскар: Од силните ветрови до сега загинаа најмалку 78 лица

Точка

15/03/2017

09:49

994

Големина на фонт

а а а

За време на ужасниот циклон Енаво на Мадагаскар, кој со себе носи поројни дождови и силни ветрови загинале најмалку 78 лица, соопшти владата на земјата.

Националната агенција за справување со катастрофи изјавила дека циклонот во вторникот предизвикал одронување на земјиштето во североисточниот дел на Мадагаскар, поради што 250.000 жители ги напуштиле своите домови.




Во беснеењето на циклонот повредени се 250 лица, од кои 28 се водат за исчезнати.



Во претходниот биланс имало 50 мртви.




Циклонот Енаво донел ветрови со јачина од 225 километри на час, што е еквивалентно на ураган од четврта категорија.