Самсунг покрај Tab S3, на Саемот во Барселона претстави и два 2 во 1 Windows уреди, а исто така беше потврдено дека Galaxy S8 ќе биде претставен на 28-ми март во Њујорк.
Иако за нивниот главен адут оваа година ќе треба уште малку да почекаме, јужнокорејски Самсунг сепак одлучи да не го прескокне целосно Саемот во Барселона. Тие на Mobile World Congress не пристигнаа со празни раце и го претставија новиот Galaxy Tab S3 и Galaxy Book 2 во 1 уредот.
Таблетот доаѓа со 9,7 инчен (2048x1536) Super AMOLED екран и има HDR, а го доби и новото S Pen пенкало со потенок врв (0,7 мм) и зголемена осетливост на допир. Една од новостите е Samsung Flow, решение за работа во движење кое што користи биометриска автентификација и при пријавата може бежично да ги поврзе компатибилните уреди за безбедно да ги пренесувате вашите документи од лаптопот на таблетот.
Покрај тоа, доаѓа со задна камера од 13 и предна камера од 5 мегапиксели. За подобро доживување при прикажувањето на мултимедијалните содржини, таблетот има висококвалитетни звучници на AKG by Harman.
Работи на Snapdragon 820 процесор, има 4 GB RAM и 32 GB интерна меморија, а капацитетот од 6000 mAh на батеријата овозможува до 12 часа репродукција на видео.
Покрај Tab S3, Самсунг претстави и два Galaxy Book 2 во 1 уреди, а станува збор за Windows уреди со екрани од 10,6 и 12 инчи. Моделот со помал екран работи на Intel m3 двојадрен процесор на 2,6 GHz, а има и 4 GB RAM меморија и 64 или 128 GB интерна меморија. Моделот со 12 инчен екран доаѓа со i5 процесор со две јадра и 3,1 GHz, како и 4 GB или 8 GB RAM меморија и 128 или 256 GB SSD интерна меморија.
Таблетот би требало да биде пуштен во продажба веќе идниот месец. Неговата цена за Wi-Fi верзијата ќе изнесува 679 евра, додека пак LTE моделот ќе чини 769 евра. Цените за Galaxy Book моделите не се објавени.