Заев мандатар! Пречекан со овации на Централниот одбор на СДСМ

Точка

25/02/2017

15:32

16.374

Големина на фонт

а а а

Лидерот на СДСМ најави нова влада до почетокот на март. Неговиот ривал пак, Никола Груевски изјавил дека неговата партија "ќе преземе мерки" против оваа влада (не знаеме зошто?!) и најави дека се можни немири.

Партијата на Али Ахмети синоќа одлучи да ги даде своите потписи за мандат на СДСМ. Со тоа СДСМ има 49 пратеници, плус десетте на ДУИ, како и осумте потписи на БЕСА и Алијансата на Албанците, што му се доволни за обезбедување мнозинство во парламентот.

Па СДСМ на денешната седница на Централниот одбор, одлучи мандатар за состав на новата влада да биде лидерот на партијата Зоран Заев.

Тој на средбата бил пречекан со аплауз и овации и добил поддршка од сите членови на одборот.



„Чест е, моја и на СДСМ, што по скоро 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска Влада на Р.Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска Влада во којашто приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија! Рековме дека секој граѓанин е во центарот на нашето внимание. Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно, праведно и правично општество за сите и се што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејки се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Р.Македонија“, рече Заев.

Заев, со неговото утврдување за мандатар за состав на новата Влада, доби поддршка и овластување од Централниот одбор да влезе во преговори за владината програма и за новиот владин состав.

„Следува период во којшто ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма, што ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реални политики, така како што избраа граѓаните на Македонија. Презедовме обврски за живот за секој човек со Планот на живот. СДСМ носи живот за сите граѓани на Македонија“, рече Заев пред членовите на Централниот одбор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг