Продавачката од Светомитрани го убила оти ѝ се додворувал и ѝ се заканувал

Макфакс

08/02/2017

14:41

1.066

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Крушево поднесе кривична пријава против М.П. (33) од село Светомитрани, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Имено, во петокот, во колонијална продавница пријавената, по кратка расправија, со ловна пушка „Бајкл“ калибар 12мм, сопственост на нејзиниот свекор, испукала два истрели во пределот на градите на Н.Д. (44) од истото село.

Тој починал на самото место, а М.П. била приведена. Од преземени мерки било утврдено дека причина за убиството е тоа што, сега починатиот, ѝ се додворувал и барал да стапи во љубовна врска со него.

Од почетокот на 2017 година постојано ѝ се јавувал на телефон, секојдневно доаѓал во продавницата за да ѝ се додворува, а почнал физички и психички да ја малтретира.

Ѝ упатувал и сериозни закани дека ако таа не стапи во љубовна врска со него тој ќе го убие нејзиниот син. Исто така ја уценувал дека ќе каже на нејзиниот сопруг дека била со него во интимна врска, иако тоа не било вистина.