Поларниот студ попушта, од денеска дневните температури во позитива

Макфакс

13/01/2017

09:02

882

Големина на фонт

а а а

Променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот потопло со умерен јужен ветер. Попладне во западните делови на планините со повремен снег, а кон крајот на денот во пониските места на запад со дожд и снег.

Утринските температури ќе се движат од -15 до -6 степени, додека дневните ќе бидат повисоки и ќе бидат во интервал од 0 до 6 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -13 и дневна до 2 степена.

До сабота ќе има повремени врнежи, на планините од снег, а на некои пониски места од дожд и снег, особено во западните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми.

Стабилно времето ќе биде в недела, а од понеделник ќе преовладува претежно облачно со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. На некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.


Спонзорирани линкови

Маркетинг