Снимка ја открива вистината: Судирот меѓу Бред Пит и синот забележан со камера

Точка

24/09/2016

21:16

36.606

Големина на фонт

а а а

Бред Пит моментално е под истрага поради обвинение за злоставување на својот син, кое наводно се случило за време на авионски лет минатата седмица. Медиумите пишуваат дека постои снимка од овој инцидент, која ќе покаже дали овие обвиненија имаат некаква основа.

Потсетуваме, медиумите пренеле дека семејството Пит-Џоли минатата седмица патувало од Франција во Лос Анџелес, а за време на летот се случил инцидент кој наводно ја натерал Анџелина да поднесе документи за развод.


Не е познато што точно се случило, но изворите тврдат дека Бред се скарал со својата сопруга, а дека нивниот 15-годишен син се обидел да ја одбрани својата мајка, па актерот потоа го нападнал него.


Бред тогаш наводно бил под дејство на алкохол, и продолжил да дивее и по слетувањето на авионот во Минесота, па авионската писта ја напуштил со камион за гориво. Очевидец кој сакал да стане анонимен, случајот го пријавил во социјалната служба и полицијата, а истрагата потоа ја преземало ФБИ.


Како што пишува списанието US Weekly, камерите на аеродромот ја забележале нивната расправија, пред семејството повторно да се качи на авион и да одлета во Лос Анџелес. Оваа снимка ќе биде главен доказ за истражителите.
На неа наводно се гледа како Бред му вика на детето, но нема никаков физички контакт.


Сепак, не е познато како ескалирала расправијата помеѓу таткото и синот, и дали продолжила кога авионот полетал за Лос Анџелес.


Спонзорирани линкови

Маркетинг