Земјотрес во Романија

Макфакс

24/09/2016

11:40

1.099

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала, во петок вечер ја погоди источна Романија.

Епицентарот на земјотресот бил на 149 километри северно од Букурешт, на длабочина од 91,25 километри.

Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Земјотресите со таков интензитет се умерени, но можат да предизвикаат одредена материјална штета. Длабочината на епицентарот на земјотресот ги намали последиците.


Спонзорирани линкови

Маркетинг