Утре последен рок за пријавување на бројот 195 за проценка на безбедност на објект

Нетпрес

22/09/2016

16:23

733

Големина на фонт

а а а

Заклучно со утре ќе може да се пријави потреба од проценка на безбедност на објекти, како последица од земјотресите, на бесплатниот телефонски број за итни повици 195, заклучил Главниот штаб за управување со кризи на завчерашната седница.

Како што соопшти денеска Центарот за управување со кризи, по изтекот на рокот, граѓаните може да доставуваат пријави до општинските комисии за проценка на штети.

По серијата земјотреси што во изминатите две недели беа почувствувани во скопското епицентрално подрачје тимови на Институтот за земјотресно инженерство (ИЗИИС) вршат проценка на безбедноста на објектите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг